logo
logo
logo

Салах: Гледам победнички менталитет

Vecer | 10.12.2023

Салах: Гледам победнички менталитет

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах ја коментираше победата на неговиот тим од 2:1 во рамките на 16 коло во Премиер-лигата. Напаѓачот го постигна победничкиот гол, кој беше негов 200-ти во дресот на „црвените“.

„Мислам дека најважно беше што го добивме натпреварот. Беше навистина тешко. Кога победуваме и постигнувам голови, се чувствува одлично. Среќен сум за рекордот и за победата на тимот. Гледам победнички менталитет. Треба само да продолжиме да се бориме до крај. Тоа го направивме на овој натпревар и на другите претходните два. Ова е позитивна работа од која можеме да имаме корист. Секако дека имаме нов тим, шест-седум нови играчи во стартниот состав. Само треба да им дадеме совет. Тие учат многу и се навистина добри момчиња. Има сличности со тимот од 2019 година, но другите момци постигнаа многу и мораме да им оддадеме признание. Но, сигурен сум дека можеме да направиме нешто посебно оваа година“, изјави Салах.

Ливерпул е лидер на табелата во Премиер-лигата по киксот на Арсенал, Астон Вила и Сити.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk