logo
logo
logo

Руи Коста откри детали од договорот на Мурињо

Vecer | 16.10.2025

Руи Коста откри детали од договорот на Мурињо

ФОТО: Sport Lisboa e Benfica/FB

Претседателот на Бенфика, Руи Коста, не го криеше своето задоволство од работата што ја заврши Жозе Мурињо на чело на тимот.

Поранешниот португалски репрезентативец нагласи дека клаузулата во договорот на 62-годишниот тренер, која им дозволува на двете страни да ја прекинат соработката на крајот од сезоната, „нема никаква врска со националните тимови“, туку со „изборниот период“.

„Му се заблагодарувам на Жозе Мурињо што го разбра моментот во кој се наоѓавме како клуб и дека можеше да има друг кандидат кој ќе ја добие оваа позиција.

Оваа ситуација важи и за Мурињо – ако си замине по сопствена иницијатива на крајот од сезоната, ќе мора да ја плати одредена сума на Бенфика. Сите договори што ги потпишав со тренерите во Бенфика беа на две години“, истакна Руи Коста.

Руи Коста нагласи дека секојдневно разговара со тренерот за тимот, но ја отфрли идејата за агресивен напад на трансфер пазарот во јануари. Поранешниот играч од средниот ред објасни дека ниту еден играч не е на продажба и не штедеше пофалби за еден од најкритикуваните на почетокот на сезоната.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk