logo
logo
logo

Рудигер обвини дека го нарекле мајмун, па сакаше да се тепа (ВИДЕО)

Vecer | 23.06.2025

Рудигер обвини дека го нарекле мајмун, па сакаше да се тепа (ВИДЕО)

Реал Мадрид може да здивне – и покрај тоа што повеќе од 80 минути играше со играч помалку по исклучувањето на Раул Асенсио, успеа да ја совлада мексичката Пачука со 3:1 во Шарлот.

Натпреварот заврши со тензии, откако се случи конфликт помеѓу Антонио Рудигер, кој се врати на теренот по речиси два месеци пауза, и Густаво Кабрал. Судијата Рамон Абати беше приморан да го прекине мечот за да ги раздвои играчите, но вербалната пресметка продолжи и по последниот свиреж.

Според наводи од клубот, конфликтот почнал уште во првото полувреме, кога Кабрал наводно го удрил Рудигер со рака. Германскиот дефанзивец, потоа, во изјава за клубот тврди дека Кабрал му упатил расистички навреди, користејќи зборови како: „црнчугo“ и „мајмун“.

На патот кон соблекувалната, Кабрал наводно му дофрлил: „Ти си едно гомно…“, на што Рудигер одговорил: „Тоа не би ми го кажал внатре, ајде влези ако се осудиш“. Потешка ескалација беше спречена благодарение на интервенцијата на играчите и стручните тимови.

Обвиненија за расизам
Тренерот на Реал, Ќаби Алонсо, по натпреварот ја коментираше ситуацијата:
„Се зборуваше за расистички навреди… Целосно сме зад Тони и ќе видиме што ќе се случува понатаму. Се активира ФИФА-протоколот, и ние му ја даваме целосната поддршка. Такви нешта се неприфатливи“, рече Алонсо.

Новинарот на „Ел Мундо“, Абрахам Ромеро, разговараше со Кабрал по натпреварот. Аргентинецот призна дека му рекол на Рудигер „cagón de mierda“ (во превод: усран кукавику), но нагласи дека тоа е „вообичаен израз“ во Аргентина и не признал никакви расистички или ксенофобични навреди.

Случајот ќе се истражува, а јавноста со нетрпение очекува официјалните извештаи на ФИФА и Реал Мадрид.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk