logo
logo
logo

Роналдо: “Во Реал играв бесплатно, Перез ми е како татко!“

Vecer | 30.12.2025

Роналдо: “Во Реал играв бесплатно, Перез ми е како татко!“

ФОТО: Real Madrid FC/X

Луис Назарио Да Лима или вистинскиот Роналдо или Роналдо Феномено, се смета како еден од најдобрите фудбалери во историјата. Бразилецот во негово време, пред неполни три децении беше мега – ѕвезда. Сеуште се говори за мега – трансферот од Барселона во Интер летото во таа 1997 година. Се знае што му се случуваше на “Меаца“, а потоа Роналдо беше дел од “Галактикосите“ на Дон Флорентино Перез.

Роналдо, Зидан, Бекам, Фиго, Раул, Роберто Карлос…каков ли само тоа тим беше.

Со својот типичен хумористичен тон, Феномено откри дека сите „галактикос“ имале слични плати, но некои компензирале на други начини.

Бекам и јас имавме повеќе приходи од спонзори и ги делевме со клубот. Можам да кажам дека играв бесплатно во Реал Мадрид“, рече тој низ смеа.

За времето минато во Мадрид тој има само пофални зборови а посебно за Флотентино Перез:

Во Реал Мадрид беше посебно бидејќи Флорентино го промени фудбалот во секој поглед. Тој е најдобриот претседател што некогаш сум го сретнал“, рече Бразилецот, истакнувајќи го огромното влијание на ерата на Галактикосите.
„Клубот должеше околу 300 милиони евра. Флорентино ги продаде спортските објекти, инвестираше во одлични играчи – Фиго, Зидан, во мене и Бекам – и го промени начинот на кој луѓето гледаат на фудбалот. Фудбалската индустрија е она што е денес, во голема мера благодарение на него“, рече Роналдо, додавајќи:

Тој ми е како татко“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk