Неговиот Ал Наср славеше во дерби коло
Португалецот Кристијано Роналдо го постигна еден од најбизарните голови во кариерата – во момент кога противничкиот гол беше речиси целосно во „магла“.
Голманот Менди не само што не реагираше на ударот на Португалецот, туку не ја ни виде топката.
Се испостави дека навивачите на Ал-Наср придонеле за водството на својот тим и голот на Роналдо и тоа не малку, бидејќи непосредно пред почетокот на мечот активирале „димни бомби“, а ветрот си го направи своето – донесе димна завеса непосредно пред противничкиот гол.
Набргу потоа следеше акција на домашните, контра која ја иницираше Мане, а Роналдо ја комплетираше со левата нога.
Дури кога Роналдо почна да постигнува гол, сите на стадионот скокнаа, бидејќи едвај ја гледаа топката како влегува во мрежата.
https://twitter.com/i/status/1705326006557450568
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата