logo
logo
logo

Роналдо и другарите играат против Хрватска точно на годишнината од смртта на Диого Жота!

Vecer | 02.07.2026

Роналдо и другарите играат против Хрватска точно на годишнината од смртта на Диого Жота!

Фото: Liverpool FC/FB

Португалците ќе се сретнат со Хрватска во 1/16 финалето на Светското првенство вечерва или утре наутро од 01 часот, на 3 април во Торонто, а тоа ќе биде многу емотивен натпревар за сите членови во селекцијата на Португалија.
Натпреварот се совпадна точно со првата годишнина од смртта на Диого Жота, кој загина во сообраќајна несреќа на 3 јули 2025 година заедно со својот брат Андре Силва.

Напаѓачот на Ливерпул и неговиот брат загинаа во северозападна Шпанија кога нивниот автомобил излета од патот и се запали, само неколку недели откако ја освои Лигата на нации со Португалија.
Доколку трагедијата не се случеше, Жота сигурно ќе беше дел од тимот на ова Светско првенство, а вака неговите соиграчи ќе играат со сето срце за него и неговото семејство.

“Мислам дека треба да му оддадеме почит на Диого Жота. Ова е моментот да го цениме сè што изградивме во оваа репрезентација, бидејќи голем дел од тоа започна со него“, рече селекторот Роберто Мартинез.
И Витиња исто така испрати порака…
„Имаме голема мотивација, не само за следниот натпревар, туку за сите натпревари. Сакаме победа за нашата земја, за нашите семејства и за Жота. Ќе направиме сè за да победиме“, рече фудбалерот на Пари Сен Жермен.
Играчот од средниот ред Рубен Невеш, најдобриот пријател на Жота, беше особено емотивен…
Денот кога дознав за трагедијата беше најтешкиот во мојот живот. Продолжив да играм затоа што сакав да го направам тоа за Диого. Поддршката од мојата сопруга Дебора ми значеше многу“, рече Невеш.
Тој исто така откри дека сè уште му испраќа пораки на својот починат пријател.
„Сè уште разговарам со него. Малкумина знаат дека сè уште имаме WhatsApp група каде што бевме Руте, Диого и јас. Кога ќе се случи нешто посебно, ја отворам групата и му испраќам порака“, рече Невеш.
Жота одигра 49 натпревари за португалската репрезентација и постигна 14 гола.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk