Во натпреварот од 28-то коло од Серија А, Џенова ја победи Рома на домашен терен со 2:1. Само две победи во последните седум лигашки натпревари и само девет од можни 21 бод ја ставија Рома во огромна дилема во трката за место во Лигата на шампионите. Последниот во низата неуспеси се случи во Џенова денеска.
Џеновјаните поведоа во 52-та минута со гол од пенал на поранешниот играч на Милан, Жуниор Месиас. Рома веднаш одговори и израмни во следниот напад преку Н’дика. Сепак, последниот удар го зададоа домашните, со голот на Витиња во 80-та минута.