logo
logo
logo

Родриго израмни рекорд: Бразилецот на 30 меча во низа без постигнат гол за Реал Мадрид!

Vecer | 02.12.2025

Родриго израмни рекорд: Бразилецот на 30 меча во низа без постигнат гол за Реал Мадрид!

ФОТО: Real Madrid FC/FB

Навистина што се случува со ѕвездата на Реал Мадрид и актуелен репрезентативец на Бразил? Имено Родриго израмни рекорд, ама негативен или анти – рекорд. Бразилецот сега има 30 меча во низа на кои не успеал да се запише во листата на стрелците за “кралевите“. Досега рекордер во Реал Мадрид беше Мариано Диаз со 30 меча во низа.

Последниот гол на Родриго за “кралевите“ беше во март оваа година, или пред повеќе од осум месеци кога во 1/8 финалето во Лигата на Шампионите ја “тресеше“ противничката мрежа и тоа против Атлетико Мадрид во победата од 2:1.

Од стартот на оваа сезона, Бразилецот беше во тимот на Реал на 12 меча, одигра 395 минути и не постигна гол ниту забележа асистенција.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk