Се играше 90.минута при резултат 1:0 за Ливерпул, кога Ришарлисон најдобро се снајде пред домашниот гол и успеа да израмни на конечни 1:1 на „Енфилд“. Со тоа Бразилскиот напаѓач на Тотенхем му откина два драгоцени бода на Ливерпул во битката за пласман во ЛШ.
Јасно е дека ова е голем удар за тимот на Арне Слот, од друга страна дали овој гол и ова реми може да биде поттик за “Спарси“ кои во изминатиот период беа очајни, останува да се види.
Инаку Ливерпул поведе со прекрасниот гол од слободен удар на Собослаи во 18.минута кога речиси совршено шутираше.
По овој меч “Редси“ се на 5.место со 51 бод или два повеќе од шестиот Челзи, додека Тотенхем е на 16.место со 30 бодови или еден повеќе од опасната зона за испаѓање. Ова е и прв освоен бод за Игор Тудор.
Во секој случај дербито ги оправда очекувањата во секој случај.