Веднаш по завршување на дуелот со Данска и големата победа од 33-29, првиот човек на ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов отиде во соблекувалната на нашите момци.
Мукаетов кој постојано им ја дава најголемата поддршка на репрезентативците и притоа се грижи тие да ги имаат најдобрите услови, прво им ја честиташе победата на ракометарите, а потоа им соопшти дека за победата над Данска ќе добијат премија од 20.000 евра.
Македонија со третата победа во квалификациите е на чекор од ЕП 2022 година.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата