logo
logo
logo

Реал, пак, се мачеше, освои само бод кај Џирона (ВИДЕО)

Vecer | 30.11.2025

Реал, пак, се мачеше, освои само бод кај Џирона (ВИДЕО)

фото: LALiga (X)

Реал Мадрид одигра нерешено 1:1 во натпреварот од 14-тото коло на шпанската Примера на гостувањето кај Џирона. Со ова реми, избраниците на тренерот Чаби Алонсо стигнаа до третото реми по ред и сега имаат бод помалку од Барселона, која останува на врвот на табелата.

Реал се мачешеи вечерва, но на крајот не успеа да се врати со комплетен пресврт. Мбапе успеа прв да погоди на пет минути пред крајот на полувремето, но неговиот гол беше поништен од ВАР поради игра со рака.

Набрзо следеше „студен туш“ за мадриѓаните. На самиот крај од првото полувреме, Џирона направи одличен напад, кој заврши со гол на Азадин Унаи за водство од 1:0. Реал притискаше од почетокот на второто полувреме, но домаќините имаа шанса и да ја удвојат предноста во 57-та минута кога Ванат не успеа да го совлада Куртоа од 100% шанса.

Килијан Мбапе го израмни резултатот на 1:1 од пенал во 67-та минута, откако претходно Винисиус беше фаулиран. Реал имаше одлична иницијатива во финишот, а Мбапе имаше колосална можност да погоди за победа, но неговиот удар во 94-тата минута заврши крај голот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk