logo
logo
logo

Реал Мадрид ја одреди цената за Родриго!

Vecer | 18.06.2025

Реал Мадрид ја одреди цената за Родриго!

Иако пред неколку дена медиумите блиски на Реал Мадрид, а посебно “Марка“ пренесоа дека на првиот тренинг со екипата, новиот тренер Чаби Алонсо имал состанок со Родриго и ги разрешил дилемите околу неговото останување, сепак вечерва нова вест од Мадрид.

Имено “инсајдерите“ пренесуваат дека Дон Флорентино Перез ја одредил цената за Бразилецот и дека таа изнесува 90 милиони евра. Ова значи дека секој оној кој би сакал да го ангажира крилниот напаѓач на “кралевите“ ќе мора да ја плати таа сума.

Ова доаѓа по најавите дека Арсенал одново пројавил интерес за Родриго откако тешко оди договорањето со Ѓокереш и Шешко.

По ова секако дека свое видување да даде и новиот стратег на Реал Мадрид, Чаби Алонсо кој ќе си има проблеми во нападот ако го нема во составот Бразилецот, посебно кога ќе дојдат повредите и картоните.

ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk