logo
logo
logo

Реал Мадрид без Куртоа на гостувањето против Олимпијакос

Vecer | 25.11.2025

Реал Мадрид без Куртоа на гостувањето против Олимпијакос

Стартниот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, нема да патува со тимот за утрешниот натпревар на гости против Олимпијакос во Лигата на шампионите, официјално објавија „кралевите“.

Белгискиот голман има проблеми со стомакот и нема да му биде достапен на тренерот Чаби Алонсо, кој исто така има роденден денес.

„По денешниот преглед од страна на медицинските служби на Реал Мадрид, на Тибо Куртоа му е дијагностицирана вирусна гастроинтестинална инфекција. Тој ќе го пропушти патувањето во Атина. Неговата состојба ќе биде следена“, се вели во соопштението на Реал.

Белгискиот голман досега беше стартер на апсолутно секој натпревар за Реал Мадрид. Па со неговото отсуство, украинскиот голман Андриј Лунин, кој сè уште не одиграл ниту една минута оваа сезона, најверојатно ќе игра против Олимпијакос.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk