Чаби Алонсо ќе остане тренер на Реал по поразот од Манчестер Сити, но сега неговата клупа е понестабилна од вообичаено, и целата ситуација може да се преврти ако загуби натпреварот против Алавес, во недела на гости.
Она што е голем проблем за него е фактот што Алавес ќе влезе наострен и мотивиран за дуелот, додека Реал Мадрид се бори со повреди, особено Килијан Мбапе.
Дали Французинот ќе биде на теренот во недела?
„Марка“ пишува дека има големи шанси Мбапе да не игра во недела бидејќи Реал не сака да презема премногу ризици.
Секако дека ова ќе биде голем проблем за Чаби Алонсо, кој ако не слави на тој меќ во недела навечер ќе биде бивши.