logo
logo
logo

Реал и со играч помалку не се намачи со Пачука

Vecer | 22.06.2025

Реал и со играч помалку не се намачи со Пачука

Реал Мадрид ја совлада екипата на Пачука со 3:1 и ја оствари првата победа на клупското светско првенство. Важно е да се напомене дека Реал играше речиси целиот натпревар со играч помалку, по исклучувањето на Раул Асенсио во 7-мата минута од натпреварот.

И покрај тоа што „кралевите“ имаа дефицит на теренот, сепак Чаби Алонсо фантастично го постави овој натпревар и Реал не се помачи многу за да триумфира против мексичката екипа. Резултатот го отвори Џуд Белингем во 35-тата минута, а само 8 минути подоцна Арда Ѓулер го зголеми водството. Федерико Валверде стави печат на победата во 70-тата минута. Почесниот погодок за Пачука го постигна Монтиел во 80-тата минута.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk