logo
logo
logo

Реал и Барса го загубија “Ел Класико“ во Ла Лига!

Vecer | 26.05.2023

Реал и Барса го загубија “Ел Класико“ во Ла Лига!

Шок за двата најголеми клубови во Ла Лига, веројатно и во светот, Реал Мадрид и Барселона. Имено двата гиганти го загубија правото кога играат меѓусебе, нивните мечеви да го користат терминот „Ел Класико“. Тоа значи дека не смеат да го користат во маркетиншки дел за себе.

Шпанската канцеларија за патенти и трговски марки ја одби петицијата од страна на двата клуба кои се бореа за правото на терминот „Ел Класико“, па така тоа останува во сопственост на Ла Лига.

Ова не е нималку наивно ако се знае што значи терминот „Ел Класико“ во светот на фудбалот, посебно кога станува збор за маркетингот и ТВ правата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk