Реал Мадрид инсистира да ги забрза работите околу трансферот на Мајкл Олисе.
Инсајдерот Кристијан Фалк известува дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој веќе беше заинтересиран да го потпише крилниот напаѓач на Баерн Минхен во текот на летото, бил импресиониран од неговиот настап на „Сантијаго Бернабеу“ синоќа. Се тврди дека Реал Мадрид сега е уште позаинтересиран да го потпише 24-годишниот франциски репрезентативец.
Шпанскиот клуб разгледува понуда од 160 или 165 милиони евра, но тоа се чини нема да ги задоволи барањата на германскиот великан. Баерн Минхен јасно стави до знаење дека не е подготвен да се раздели со еден од своите водечки играчи, дури ни за 200 милиони евра.