logo
logo
logo

Распад во Челзи: Играчите се успиваат за тренинг и сакаат да побегнат од клубот!

Vecer | 28.05.2023

Распад во Челзи: Играчите се успиваат за тренинг и сакаат да побегнат од клубот!

Челзи ја одигра една од најлошите сезони во историјата. Под водство на новиот сопственик Тод Биоли, клубот забележа драматичен пад од секој аспект. Сезоната ќе ја заврши во долниот дел од табелата во Премиер-лигата, а во случај на пораз во последното коло би можеле да падне и до 14. место.

Според англискиот Телеграф, барем еден играч оваа сезона задоцнил на патување со автобус затоа што заспал после тренинг, додека некои биле толку невнимателни што не се потрудиле ниту да ги врзат врвките од патиките пред тренинг. Неколку од нив отворено ја признаа желбата да го напуштат клубот.

Френк Лампард, привремениот менаџер на клубот, редовно потенцираше дека играчите мора да ги подигнат стандардите доколку сакаат да го вратат клубот на успеси, но тој не ги казни. Доколку играчот заспал и задоцнил во автобус, таквото однесување би се толерирало. Се верува дека реакциите биле смеење или одманување со глава – нешто што не би се очекувало во другите големи англиски клубови.

Бројот на играчи во тимот стана преголем, што резултираше со ситуација некои од нив да бидат принудени да седат на подот за време на тимските состаноци. Големиот број на играчи е причината на тренинзите дел не работат максимално.

Според извори од Англија, Лампард постојано го предупредувал својот тим за потребата од пресврт на сезоната и подигнување на стандардите, одржувал индивидуални средби со играчите, но овие пораки не вродиле со плод. Еден од играчите кои летово треба да го напуштат Челзи е хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk