logo
logo
logo

Рашфорд пристигна во Барселона: Прифати помала плата само да го оствари траснферот од соништата

Vecer | 21.07.2025

Рашфорд пристигна во Барселона: Прифати помала плата само да го оствари траснферот од соништата

Маркус Рашфорд веќе е во Барселона, останува само да се официјализира соработката во текот на денешниот ден.

Каталонскиот клуб и Манчестер Јунајтед го поминаа целиот ден разменувајќи документи откако постигнаа договор во саботата. Крилниот напаѓач ќе пристигне на Камп Ноу како позајмен играч, но со опција за откуп за околу 30 милиони евра. Рашфорд денеска треба да ги помине официјални медицински прегледи.

Идејата е тој да му биде на располагање на Ханси Флик за азиската турнеја, која започнува во четврток. Не би требало да има проблем со учеството на Рашфорд во неа.

Барса беше заинтересирана да го засили својот крилен напаѓач ова лето, а по одбивањето на Нико Вилијамс, кога се чинеше дека сè е решено и финализирано, клубот се сврте кон две имиња: Луис Дијаз и Маркус Рашфорд. Ливерпул имаше многу високи финансиски барања, но Манчестер Јунајтед наместо тоа прифати позајмица со опција за откуп. Покрај тоа, Англичанецот значително ги намали своите финансиски барања за да може да го носи дресот и се откажа од дел од својата плата. Тој заработуваше близу 18 милиони евра во Премиер лигата.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk