logo
logo
logo

Рафа Леао и Хименез го “скршија“ Емполи!

Vecer | 08.02.2025

Рафа Леао и Хименез го “скршија“ Емполи!

Милан освои големи три бода на гости кај Емполи победувајќи го со 0:2. Сепак четата на Серџио Консеисао не дојде така лесно до победата. Се чекаше дури 68.минути за да видиме гол на оваа средба и него го постигна со убав шут со глава Рафа Леао за 0:1.

Точка на победата беше ставена во 76.минута кога новакот Хименез на додавање на Пулишиќ стрелаше за конечни 0:2.

Да споменеме дека и двете екипи мечот го завршија со играч помалку. Маринанучи кај домашните во 65.минута доби директен црвен, додека кај гостите Томори во 55.минута Томори доби втор жолт картон.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk