logo
logo
logo

ПСЖ има пеколен план: Европскиот првак со 250 милиони евра тргнува по Олисе!

Vecer | 11.06.2026

ПСЖ има пеколен план: Европскиот првак со 250 милиони евра тргнува по Олисе!

фото: DFL Deutsche Fußball Liga (X)

Иако веќе неколку месеци трае сагата за евентуалниот трансфер на Мајкл Олисе во Реал Мадрид, а Баерн Минхен бара 250 милиони евра, сега во игра за спектакуларниот офанзивец се вклучува и ПСЖ.

Францускиот гигант Пари Сен Жермен не планира да застане по освојувањето на Лигата на шампионите, а челниците на клубот веќе интензивно работат на создавање тим кој би можел да доминира во европскиот фудбал во наредните години.
По сезоната од соништата во која ПСЖ конечно стигна до толку посакуваната европска круна, две во низа, вниманието полека се насочува кон летниот преоден рок и потенцијалните засилувања.
Според информациите што ги даде угледниот француски „Л’Екип“, една од најголемите желби на парижаните ова лето е Мајкл Олисе. Тој е фудбалер кој остави зад себе фантастична сезона во дресот на Баерн Минхен и кој денес се смета за еден од најдобрите офанзивни играчи во европскиот фудбал.
Иако претседателот на Баерн, Херберт Хајнер, претходно јасно стави до знаење дека Олизе е практично недопирлив и дека клубот не размислува за негова продажба, интересот на ПСЖ не се намалува. Напротив, француските медиуми наведуваат дека постои сериозен оптимизам во раководството на парискиот клуб кога станува збор за можноста за реализација на овој трансфер. Се разбира дека сумата не е под 250 милиони евра.

А ако тоа се случи тогаш ПСЖ ќе ги има трите најголеми трансфери во историјатана фудбалот.

Мајкл Олисе 250 милиони евра (Баерн – ПСЖ), Нејмар 222 милиони евра (Барселона – ПСЖ) и Килијан Мбапе 188 милиони евра (Монако – ПСЖ).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk