Тој е човек од најголема доверба на Луис Енрике, тој е прв асистент на шефот на европскиот првак. Тоа е Рафаел Пол помошник тренер на Луис Енрике кој во саботата ја освои втората Лига на шампиони со него во ПСЖ. Шпанецот имаше тежок пат до тука, бидејќи неговата сопруга Ракел почина во ноември 2024 година, а тој ѝ го посвети освојувањето на најважниот трофеј на клубот.
Сопругата на Пол, Ракел, почина во 2024 година по долга и сериозна болест. Тој продолжи да работи по смртта на сопругата, а со ПСЖ дури освои две Лиги на шампиони. Откако ја освои првата, Пол почна неконтролирано да плаче и го посвети првиот трофеј на сопругата. Шпанецот ја освои втората Лига на шампиони една година подоцна и сигурно Ракел би била неверојатно горда на него. А Луис Енрике, за жал, знае какво е да се изгуби сакана личност. Неговата ќерка Ксана почина на само девет години по битка со тешка и ретка форма на рак на коските. Кариерата на Пол е тесно поврзана со онаа на Енрике повеќе од една деценија. Тој првпат му се придружи во Рома во 2011 година како фитнес тренер, по што го следеше Енрике во Селта Виго во 2013 година, а потоа во Барселона од 2014 до 2017 година.
Дуото заедно освои бројни трофеи, вклучувајќи ја Ла Лига, Купот на кралот и Лигата на шампионите во 2015 година. Пол подоцна му се врати на Енрике во шпанската репрезентација, првично како фитнес тренер, а од 2022 година како помошник тренер. Во текот на 2023 година, тој повторно беше со Енрике, а останатото е историја.