logo
logo
logo

Прв пат по 4 години Манчестер Јунајтед е над Манчестер Сити на табелата

Vecer | 31.08.2025

Прв пат по 4 години Манчестер Јунајтед е над Манчестер Сити на табелата

Манчестер Сити доживеа неочекуван пораз во денешниот дуел против екипата на Брајтон со 2:1. Иако екипата на Пеп Гвардиола поведе со голот на Халанд, Брајтон во второто полувреме успеа да направи пресврт и да стигне до трите бода.

Англиските медиуми објавија интересна статистика која вели дека прв пат по 4 години Манчестер Сити е под Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер Лигата. По 3 одиграни кола Манчестер Ј. се наоѓа на 8-мото место со 4 бода, додека пак Манчестер Сити се наоѓа на 12-тото место со само 3 бода од 3 натпревари. Овие два тима ќе се сретнат во следното коло на „Етихад“, по интернационалната пауза.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk