logo
logo
logo

Приказната за Пеле: Рамни стапала, печатна грешка во името и една запрена војна

Vecer | 30.12.2022

Приказната за Пеле: Рамни стапала, печатна грешка во името и една запрена војна

Пеле, големата легенда на бразилскиот фудбал и за многумина најдобриот фудбалер во историјата, почина вчера во болница во Сао Паоло откако водеше тешка битка со ракот. Од сите приказни кои се појавија за неговиот живот, одбравме неколку кои за малкумина во светската јавност се познати.

  • Малкумина знаат дека Пеле го добил името Едсон поради печатна грешка. Имено, неговиот татко го нарекол Едисон во чест на Томас Алва Едисон затоа што на денот на неговото раѓање (23 октомври 1940 година) била инсталирана електрична енергија во неговата населба Трес Корачиес, во државата Минас Жераис. Неговиот татко Жоао, кого сито го знаат како Дондињо, беше играч на Атлетико Минеиро, но сериозната повреда на коленото го спречи да игра фудбал.
  • Пеле се етаблира на меѓународно ниво на 17-годишна возраст, кога го освои својот прв Светски куп  во Шведска во 1958 година. Тој всушност го започна турнирот како замена. Пеле требаше да го пропушти Светското првенство затоа што лекарот сму оветуваше да остане дома поради тоа што има рамни стапала. Само бунтот од играчите го натера тренерот, легендарниот Висенте Феола, првиот тренер кој Бразил го направи светски шампион, да се премисли.
  • Во 1967 година избувна војна помеѓу Нигерија и Биафра, регион во земјата што се бореше за независност. Официјалната приказна вели дека две години подоцна, во 1969 година, војната престанала на неколку дена бидејќи Сантос на Пеле ја посетил земјата за да одигра два пријателски натпревари. „ 72 часа фудбалот беше поважен од војната “, напиша магазинот „Тајм“ во 2005 година. Нигерија и Биафра се согласија да потпишат примирје за да го видат најдобриот играч на светот во живо. Војната меѓу Нигерија и Биафра заврши во јануари 1970 година и остави повеќе од три милиони жртви.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk