logo
logo
logo

Претседателот на Рајо Ваљекано предупредува: Ако не се преместиме на друг стадион, Рајо ќе умре!

Vecer | 28.01.2026

Претседателот на Рајо Ваљекано предупредува: Ако не се преместиме на друг стадион, Рајо ќе умре!

фото: A LaLiga Fan @A_Laliga_Fan (X)

Претседателот на шпанскиот фудбалски прволигаш Рајо Ваљекано, Раул Мартин Преса, бара помош за клубот конечно да се исели од стадионот „Кампо де Ваљекас“. Стадионот кој е изложен директно на прозорците на соседните станбени згради, според првиот човек на клубот не е арена на ниво со елитата во шпанската лига. Тој пред меидумите изјави дека повеќе не може да ги толерира овие услови.

„Имам голема почит кон општината Мадрид, која е сопственик на стадионот, но Рајо мора да си оди. Тие можат да го задржат стадионот, а тој ќе стане уште еден Луис Ситар. Или ќе се преселиме на модерна арена што генерира приход, или Рајо ќе умре. Ние, заедно со Хетафе, сме два чудотворни тима бидејќи се натпреваруваме со други клубови со многу различни ресурси. Го гледаме ова во примерот на трите тима кои се промовираа во првата лига оваа година [Елче, Овиедо и Леванте], кои имаат стадиони со 30.000 седишта и ВИП зони. Или ќе го достигнеме тоа ниво на приходи, како и Спортинг, Херкулес, Рекреативо и Мурсија, или ќе умреме. Тоа нека им е јасно на сите“, вели претседателот на Рајо.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk