Неверојатен пресврт во случајот на Престијани и Винисиус, но така е тоа кога имаш одличен адвокат. Имено Џанлука Престијани призна дека го навредил Винисиус на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Бенфика и Реал Мадрид. Сепак, во изјавата што ја даде до Европската фудбалска федерација (УЕФА), Аргентинецот ги отфрли обвинувањата за расистичка навреда (мајмун) и призна дека употребил хомофобична навреда.
И тоа би требало да му донесе казна на играчот на Бенфика. Дисциплинската комисија на УЕФА наскоро ќе одлучи за неа, но може да има и голем пресврт во кој Престијани би можел да ги тужи Виникус Жуниор и Килијан Мбапе.
Престијани може да ги тужи ѕвездите на Реал за клевета по обвинувањата за расизам. Доколку УЕФА утврди дека е невин по обвинението за расизам, може да поднесе тужба, бидејќи Вини и Мбапе јавно ги објавија обвинувањата за расизам. Тој би имал право на обештетување, а ќе мора да следи и јавно извинување.
УЕФА сега е фатена во небрано. Доколку го казни Престијани за хомофобични навреди кон Вини, ќе мора да го стори истото и во случајот со Килијан Мбапе. Французинот беше јасно снимен како го навредува Аргентинецот и го нарекува расист. Бенфика побара истрага од ФИФА против Мбапе. Тој е обвинет дека го навредувал Престијани за време на сите настани на теренот.
Престијани направи неверојатен потег со својот адвокат. Тој призна што направил, но го направи тоа така што призна сè што противникот направил на теренот. Сè е изведено мајсторски.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата