logo
logo
logo

Познати се сите групи во ЛН: Хрватска и Србија ги чека пекол, спектаклот е загарантиран!

Vecer | 12.02.2026

Познати се сите групи во ЛН: Хрватска и Србија ги чека пекол, спектаклот е загарантиран!

фото: Fudbalski savez Srbije (X)

Секако дека нас најмногу не интересираше кои ќе бидат противниците на Македонија во Б Лигата на Нации. А сега е време да видиме како ждрепката во Брисел ги одреди сите групи во сите сегменти во новата, петта сезона во ова натпреварување.

Секако дека најинтересно беше во А сегментот, каде што се најквалитетните селекции а таму јасно е дека Хрватска и Србија ги чека пекол.

И повеќе од јасно е дека ќе следиме спектакуларни натпревари, мега – пресметки. Да потсетиме дека Португалија го брани трофејот.

Ова се групите во А Лигата на Нации:

Лига А
Група 1: Франција, Италија, Белгија, Турција
Група 2: Германија, Холандија, Србија, Грција
Група 3: Шпанија, Хрватска, Англија, Чешка
Група 4: Португалија, Данска, Норвешка, Велс

Ова се групите во Б Лигата на Нации:Лига Б
Група 1: Шкотска, Швајцарија, Словенија,Македонија,
Група 2: Унгарија, Украина, Грузија, С.Ирска,
Група 3: Израел, Австрија,
Р. Ирска, Косово
Група 4: Полска, Босна и Херцеговина, Романија, Шведска

Ова се групите во Ц Лигата на НацииЛига Ц
Група 1: Албанија, Финска, Белорусија, Сан Марино
Група 2: Црна Гора, Ерменија, Кипар, Латвија/Гибралтар
Група 3: Казахстан, Словачка, Фарски Острови, Молдавија
Група 4: Исланд, Бугарија, Естонија, Луксембург/Малта

Ова се групите во Д Лигата на Нации:

Лига Д
Група 1: Гибралтар/Латвија, Малта/Луксембург, Андора
Група 2: Литванија, Азербејџан, Лихтенштајн


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk