Со дури осум играчи на Барселона, и без стоперите на Реал Мадрид, Дин Хујнен, односно на Атлетико Мадрид, Добин Ле Норман, репрезентацијата на Шпанија како еден од главните фаворити, ќе се упати кон претстојниот Мундијал, во САД, Канада и Мексико.
Селекторот на „Фуријата“, Луд Де Ла Фуенте се одлучи за состав кој што е очигледно компактен и за кој верува дека е способен за големи нешта.
За неверување е, но во составот на Шпанија нема играч на Реал Мадрид, но реалноста е таа.
И покрај тоа, составот на Шпанија изгледа пресилен на сите линии и дефинтиивно е еден од главните фаворити на овој турнир.