logo
logo
logo

Познати четврфиналните двојки за одбојкарскиот Куп на Македонија

Vecer | 06.02.2021

Познати четврфиналните двојки за одбојкарскиот Куп на Македонија

Ждрепката за четвртфиналето на македонскиот одбојкарски куп не донесе дерби натпревари во оваа фаза. Водечкиот тим во првенството, Џио Струмица, ќе игра со Лирија, второпласираниот Универзитет во Тетово ќе ги одмери силите со Весна Пробиштип, Штип УГД Штип ќе го предизвика Вардар, а Шкендија ќе бара влез во полуфиналето против ГОК Борец.

Кај дамите најнеизвесно би требало да биде во двомечот на Наковски волеј и на Јанта волеј Кисела вода, последниот освојувач, Работнички Скопје, ќе игра против Пелистер волеј, Вардар жени против Универзитет во Тетово, а Струмица жени против Јанта волеј Форца. Т

ермините за четвртфиналето се 10 и 17 февруари, а доколку биде нерешено и со идентичен сет-количник, ќе одлучува таканаречен “златен сет” до 15 поени.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk