logo
logo
logo

Позната е судбината на Аморим во Јунајтед…

Vecer | 08.10.2025

Позната е судбината на Аморим во Јунајтед…

фото: UtdTruthful (X)

И покрај силните порази, и покрај тоа што Манчестер Јунајтед под негово водство не личи на ништо, сепак Рубен Аморим нема да добие отказ.

Напротив, тој вечерва ја доби најголемата поддршка од првиот човек на гигантот од “Олд Трафорд“, Сер Џим Ретклиф кој говорејќи во еден поткаст кажа дека на памет не му паѓа сега да му даде отказ на Португалецот.

Не, нема да добие отказ. Сметам дека три години е доволно долг период Рубен да ги искаже сите свои квалитети како тренер. Јас верувам во него. Не може улицата, некои дебилни реакции кои се менуваат од ден во ден и воопшто јавноста, секако и навивачите, да го водат клубот. Мораме да бидеме стрпливи на долги патеки. Знаете и самите што се случуваше со Фергусон на почетокот во Јунајтед како и со Артета во првите две години во Арсенал“ посочи покрај другото Ретклиф.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk