Откако беше извршена ждрепката за Лигата на шампионите, попладнево УЕФА го објави и точниот распоред на натпреварите од осминафиналето.
Во првата вечер, вторник, 10 март, Галатасарај и Ливерпул ќе се сретнат во 18:45 часот. Од 21:00 часот, Аталанта ќе игра против Баерн во Бергамо, Барселона ќе биде домаќин на Њукасл, додека Атлетико ќе биде домаќин на Тотенхем во Мадрид.
Еден ден подоцна, програмата ќе ја отворат Баер Леверкузен и Арсенал во 18:45 часот, а потоа во 21:00 часот ќе се играат двете најголеми дербија од ова коло.
Реал ќе биде домаќин на Манчестер Сити во Мадрид, додека Челзи ќе биде домаќин на европскиот шампион Пари Сен Жермен во Лондон и тоа ќе биде реприза на финалето на Светското клупско првенство, во кое англискиот тим славеше ова лето.
Исто така, Боде ќе го пречека Спортинг. Реванш натпреварите се на 17 и 18 март.
Во вторник, 17 март, ќе играат двојките од 11 март, а во среда, 18 март, закажани се вторите натпревари од натпреварите од 10 март.
Ова значи дека УЕФА направи крајно непопуларен потег. Во исто време ги закажа сребите Реал – Сити и ПСЖ – Челзи.