Утре и тоа како ќе биде трогателно и емотивно на „Енфилд“. Синовите на трагично починатиот португалски фудбалер Диого Жота ќе излезат на теренот пред натпреварот Ливерпул-Вулверхемптон заедно со маскотите кои вообичаено ја загреваат публиката, објави „Тајмс“.
Жота играше за двата тима во текот на својата кариера и почина заедно со својот помлад брат во технички тешко објаснета несреќа што се случи во североисточна Шпанија во јули. Во времето на трагичниот инцидент, Жота имаше 28 години.
Жота пристигна во Англија од Атлетико Мадрид во 2017 година, првично потпишувајќи на позајмица во Вулверхемптон, а истата година стана постојан член на „волците“. Во 2020 година, тој потпиша со Ливерпул за пет сезони, каде што ја освои шампионската титула во земјата претходно оваа година. А средбата во сабота меѓу двата тима е прва по смртта на фудбалерот.
Неговата вдовица Руте Кардозо и нивните два сина, Динис и Дуарте, присуствуваа на првите натпревари од сезоната и за Ливерпул и за Вулверхемптон во август.