logo
logo
logo

Поради допинг: Мудрик суспендиран на четири години!

Vecer | 29.04.2026

Поради допинг: Мудрик суспендиран на четири години!

ФОТО:.facebook.com/ChelseaFC/

И дефинитивно Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) немаше милост за фудбалерот за кого Челзи даде 100 милиони евра. Имено Михајло Мудрик (25) е казнет со четиригодишна забрана, а неговиот случај за допинг сега е упатен до Арбитражниот суд за спорт (CAS). Крилниот напаѓач на Челзи првично беше суспендиран во декември 2024 година откако беше позитивен на допинг. По одлуката на ФА, случајот наводно беше упатен до CAS, каде што беа разменети писмени поднесоци, но сè уште не е закажано рочиште.
Украинскиот фудбалер последен пат играше за „Сините“ во ноември 2024 година во Конференциската лига на УЕФА. Неговата кариера беше прекината поради „неповолен наод во рутински тест на урина“.
Во тоа време, портпарол на ФА изјави:

Можеме да потврдиме дека Михајло Мудрик е обвинет за прекршување на антидопинг правилото за наводно присуство и/или употреба на забранета супстанца, во смисла на Правилникот 3 и 4 од Антидопинг-кодексот на ФА. Бидејќи постапката е во тек, во овој момент не сме во можност да коментираме понатаму“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk