logo
logo
logo

Погледнете како Меси му го посвети голот на Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Vecer | 30.03.2025

Погледнете како Меси му го посвети голот на Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Лионел Меси го предводеше Интер Мајами до победа од 2-1 над Филаделфија Унион, а потоа на посебен начин го прослави голот, кој го посвети на Новак Ѓоковиќ.

Само две минути игра беа доволни за да Лионел Меси да постигне гол на натпреварот против Филаделфија Унион. Тој влезе во игра во 55. минута од натпреварот, а две минути подоцна погоди за 2:0.

Сепак, она што привлече внимание е прославата на голот на аргентинската ѕвезда. На теренот имитираше тенисер и посветата секако е за Новак Ѓоковиќ.

Лео во последните денови се дружи со Новак, кој вечерва во Мајами има шанса да ја освои 100-та титула во кариерата. Во финалето ќе игра против Менсик.

Самиот Ноле објави прослава на Меси и ова е секако феноменален момент помеѓу две вистински легенди.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk