logo
logo
logo

Погледнете го Винисиус откако Симеоне му кажа дека е отпишан (ВИДЕО)

Vecer | 10.01.2026

Погледнете го Винисиус откако Симеоне му кажа дека е отпишан (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Вербалниот судир меѓу тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, и ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, на полуфиналето од шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија и понатаму е главна тема во шпанските медиуми. „Кралскиот клуб“ победи со 2:1 и избори неделно финале против Барселона.

Од Атлетико тврдат дека за проблематичната ситуација е виновен Бразилецот, кој го провоцирал Симеоне и клупата на противничката екипа откако побарал пенал.

Симеоне тогаш му порачал на бразилското крило да продолжи со играта, а му рекол и дека претседателот на Реал, Перез, ќе го избрка.

Потоа, според шпанските медиуми, конфликтот продолжил и во второто полувреме, кога во 81. минута Вини Жуниор излегувал од игра. Симеоне му рекол дека навивачите од трибините му свиркаат, на што Бразилецот бурно реагирал.

Во расправијата меѓу двата табора, тренерот на Реал, Чаби Алонсо, го пцуел колегата Симеоне, додека Винисиус на клупата изгледал скршено.

„Протече снимка од Винисиус по судирот со Симеоне и видеото е потресно. Се гледа како видно вознемирениот Винисиус го тешат соиграчите. Винисиус знае дека е далеку од својата најдобра форма“, пишува „АС“.

На снимката Антонио Ридигер се обидува да го утеши соиграчот, додека Винисиус ја држи главата меѓу дланките…

Видеото од тие моменти може да се погледне ТУКА.

Реал и Винисиус имаат неизвесна иднина, со оглед на тоа што веќе подолго време се зборува за продолжување на договорот, но ништо конкретно не се случува. Договорот му истекува во летото 2027 година и Перез не може да си дозволи играч од таков калибар да замине бесплатно, а договор за нов контракт сè уште не е на повидок.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk