logo
logo
logo

Почина репрезентативецот на Јужна Африка кој беше дел од Мундијалот

Vecer | 11.07.2026

Почина репрезентативецот на Јужна Африка кој беше дел од Мундијалот

Ужасни вести пристигнуваат од Јужна Африка, од каде што медиумите јавуваат за смртта на фудбалскиот репрезенаттивец кој тукушто се врати од Мундијалот во САД!?

Се работи за играчот на тимот на Мамелоди Саундс, Џејден Адамс, кој што починал на 25 годишна возраст.

Причините за смртта сеуште не се познати, но се шпекулира да се работи за самоубиство.

Адамс беше дел од репрезентацијата на Јужна Африка и имаше минутажа во групната фаза, на мечевите против Мексико, Чешка и Јужна Кореја.

Уште поужасно звучи информацијата дека баба му на Адамс починала непосредно пред стартот на дуелот против Чешка но тој решил да го одигра мечот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk