logo
logo
logo

ИН МЕМОРИАМ

ПОЧИНА Мирко Петровски, познатиот бодибилдер и фитнес тренер

Vecer | 06.03.2024

ПОЧИНА Мирко Петровски, познатиот бодибилдер и фитнес тренер

Почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер Мирко Петровски, а веста на социјалните мрежи ја сподели познатиот музичар Панчо.

– Сѐ уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир. Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирко Петровски, напиша тој на нивната заедничка фотографија.

По трагедијата се огласи и Зоран Паљо Лазаревски, кој со тага ја соопшти веста.

- Многу жално прерано замина Спортист татко другар. Никој незаслужва да замини пред време секој треба да доживее длабока старост Вечен мир Мирко“, напиша тој.

Мирко имаше своја теретана, а уште од мали нозе се занимаваше со бодибилдинг. Беше персонален тренер на многу наши познати личности. Петровски во својата биографија има запишани многу спортски успеси на домашно и регионално ниво, а се појавува на неколку професионални натпревари во Европа, Англија и Америка. Последните години активно работеше како фитнес тренер.

Тој е оженет и татко на едно дете.

Во 2013 година, Мирко Петровски е одликуван со државната награда „8-ми Септември“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk