logo
logo
logo

По судирот на дербито со Реал: Ле Норманд има потежок потрес на мозокот

Vecer | 01.10.2024

По судирот на дербито со Реал: Ле Норманд има потежок потрес на мозокот

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Робин Ле Норман заработи повреда на мозокот од удар што го доби на натпреварот против Реал Мадрид, соопшти денеска неговиот клуб.

„Робин Ле Норман доби тежок удар во главата во последните минути од мадридското дерби, беа извршени низа тестови и проценки од страна на специјалисти и тие утврдија дека има трауматска повреда на мозокот со субдурален хематом“, пишува во соопштението на Атлетико Мадрид.

Во соопштението се наведува дека опоравувањето на шпанскиот дефанзивец и неговото враќање во тимот ќе зависи од насоките на лекарите за ваков тип на повреда.

Ле Норман (27) летово дојде во Атлетико Мадрид од Реал Сосиедад, откако со репрезентацијата на Шпанија го освои Европското првенство во Германија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk