logo
logo
logo

ПЛ: Сити, Челзи и Њукасл одат во ЛШ, извисија Астон Вила и Нотингем Ф.

Vecer | 25.05.2025

ПЛ: Сити, Челзи и Њукасл одат во ЛШ, извисија Астон Вила и Нотингем Ф.

Манчестер Сити, Челзи и Њукасл успеаја да дојдат до место во Лигата на шампионите следната сезона, по денешните последни натпревари во тековната сезина во Премиерлигата. Њукасл има најмногу причини за славје, бидејќи го загуби последниот меч на домашен терен од Евртон со 0:1, па само поради поразот на Астон Вила кај Манчестер Ј. со 2:0 успеа да дојде до петтата позиција која води во најсилното европско натпреварување следната сезома.

Сити ја оправда улогата на фаворит во Лондон и славеше против Фулам со резултат од 2:0, а стрелци беа Илкај Гундоган во 21-та минута и Ерлинг Халанд во 72-та минута од пенал.

Со победа, Челзи го обезбеди своето место во европската елита, бидејќи славеше во Нотингем со 0:1, а стрелец на единствениот гол беше Леви Колвил.

Новите шампиони Ливерпул ремизираа дома со Кристал Палас по што почна прославата на титулата.

Последно коло:

Борнмут – Лестер 2:0

Фулам – Манчестер Сити 0:2

Ипсвич – Вест Хем 1:3

Ливерпул – Кристал Палас 1:1

Манчестер Јунајтед – Астон Вила 2:0

Њукасл – Евертон 0:1

Нотингем Форест – Челзи 0:1

Саутемптон – Арсенал 1:2

Тотенхем – Брајтон 1:4

Вулверхемптон – Брентфорд 1:1

Standings provided by Sofascore

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk