logo
logo
logo

Перез со порака до Вини: „Немој да мислиш дека си премногу важен за Реал, слободно можеш да си одиш…!“

Vecer | 29.03.2025

Перез со порака до Вини: „Немој да мислиш дека си премногу важен за Реал, слободно можеш да си одиш…!“

Како што пренесува “Марка“, која и тоа како е медиум многу блиска до Реал Мадрид, “кралевите“ а посебно Дон Флорентино Перез во последно време биле многу фрустрирани од односот на Винисиус Жуниор и од неговите менаџери.

Преговорите за продолжување на договорот се во застој, а за тоа биле виновни Бразилецот и неговите менаџери кои не биде задоволни од понудата на Реал. Таа била да има исти примања како Мбапе и Белингем. Се разбира дека разните бонуси и личните имиџ права тука не спаѓаат. Тоа добро го знаат агентите на Вини и барале плус приходи, со назнака дека имаат понуда од С. Арабија вредна 200 милиони евра по сезона.

По се ова Дон Флорентино збеснал и му порачал на Вини преку неговите менаџери да не мисли дека тој е премногу важен за Реал и дека не се може без него, како и тоа дека слободно може да си оди ако мисли дека тоа е најдобро за него.

Интересно, се чини дека има нов пресврт на релацијата Реал – Вини.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk