logo
logo
logo

Перез им ветил на играчите награда која ќе ја паметат доколку го исфрлат Арсенал

Vecer | 15.04.2025

Перез им ветил на играчите награда која ќе ја паметат доколку го исфрлат Арсенал

Фудбалерите на Реал Мадрид ги чека голем предизвик во среда навечер, бидејќи пред своите гледачи против Арсенал ќе се обидат да ја надополнат негативата од три гола во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Реал минатата недела претрпе тежок пораз од 3:0 во Лондон и ги намали на минимум шансите за полуфинале. Дури и да е 0,01 отсто, Мадрид не престанува да верува во мало спортско чудо.

Претседателот на клубот Флорентино Перез се обидува на секој начин да му помогне на тимот да го направи она (невозможното), па реши да ги мотивира со евентуална награда во случај да се пласира во полуфиналето.

По тешко извојуваната победа кај Алавес, Флорентино влезе во соблекувалната за уште еднаш да им даде поддршка на играчите, а покрај вообичаените мотивациони зборови, им понуди и бонуси.

„Доколку победите и одите во полуфинале, ќе добиете награда од клубот која ќе ја паметите“, им порача претседателот на Реал на играчите, кои се свесни дека ќе биде многу тешко, но дека во фудбалот се е можно.

Слично беше и пред реваншот со Атлетико Мадрид во осминафиналето, кога по пласманот на пенали, сите играчи добија бонус од по 250.000 евра. Флорентино Перез е познат како претседател со „широка срце“, па лани на секој фудбалер по триумфот во финалето на Лигата на шампионите плати премија до 900.000 евра.

Како што минуваат деновите, оптимизмот расте. Минатиот вторник сите мислеа дека е готово, мислеа дека по толку лоша игра заврши приказната за одбрана на титулата во Лигата на шампионите. Но, сега знаат дека се може да се случи на „Сантијаго Бернабеу“.

Навивачите на Реал Мадрид ќе бараат примерен однос и пожртвуваност од своите играчи, бидејќи доколку не победат ќе се збогуваат со Лигата на шампионите.

Се очекува тимот на Анчелоти да стартува силно во првите минути од играта во обид што поскоро да го постигне првиот гол. Доколку успеат да поведат рано, Арсенал ќе почне да се колеба и да се чувствува нервозен, како што се случува со речиси сите противници кои ќе се соочат со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Фудбалерите на Реал Мадрид стануваат се посамоуверени. Минатата година поништија многу тежок резултат против Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на шампионите, кога се чинеше дека веќе се елиминирани. Овојпат имаат 90 минути да постигнат најмалку три гола против Арсенал, но секако најголем проблем е кревката одбрана која прими голови од многу полесни и послаби ривали од Арсенал.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk