logo
logo
logo

Пепе му направи бунт, па Порто го смени тренерот Витор

Vecer | 20.01.2025

Пепе му направи бунт, па Порто го смени тренерот Витор

Португалскиот фудбалски гигант Порто соопшти дека ја прекина соработката со досегашниот тренер Бруно Витор.

По последниот пораз од Жил Висенте, Порто забележа серија од три порази по ред во сите натпреварувања, па управата реши да направи радикален потег и да го отпушти Бруно Витор.

Стратегот, чија работа на „Драгао“ е прва независна во кариерата, ја загуби лидерската позиција од Спортинг во последните две кола, а клубот на ова гледа како на предупредувачки сигнал. Во исто време се зборува дека Витор ја изгубил и довербата во соблекувалната, а еден од водачите на бунтот против него  е искусниот Пепе, кој одбивал да игра под палката на Витор.

Според португалските медиуми, Хорхе Коста треба да го наследи Витор како тренер на Порто.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk