logo
logo
logo

Пеп: Манчестер Сити против Реал Мадрид сега изгледа како дерби

Vecer | 31.01.2025

Пеп: Манчестер Сити против Реал Мадрид сега изгледа како дерби

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го даде своето првично мислење околу ждрепката во елиминационата фаза од Лигата на Шампионите. Во истата Сити се среќава со Реал Мадрид и тоа четврта сезона по ред.

„Ова веќе изгледа како дерби, бидејќи е четврта година по ред против Реал Мадрид. И Баерн и Реал беа навистина тешки можни противници. Да се ​​надеваме дека на најдобар можен начин ќе влеземе во првото коло на нашиот стадион, а потоа во Мадрид. Можевме ли да бидеме во првите осум? Да, но не бевме доволно добри. Не го заслуживме тоа откако победивме само на три натпревари и едно реми. Претрпевме премногу порази. Ждрепката е ждрепка“, – прокоментира Гвардиола, па го искоментира и густиот распоред. 

„Распоредот е таков што е. Во Премиер лигата секој тим мора да игра против секого. Но, обично во Премиер лигата најтешко им го отежнуваат распоредот на екипите кои играат во Европа. Тешко е да се игра против Реал или Баерн, но проблемот е што во средината треба да се сретнете со Њукасл. Се сеќавам кога бев во Барселона и ја гледав Премиер лигата, Алекс Фергусон, Жозе Мурињо и Арсен Венгер имаа исти проблеми. Дали мислите дека ова ќе се промени? Телевизиите одлучуваат. Не ме прашуваат кога е подобро да се игра. – рече Пеп.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk