logo
logo
logo

Парагвај ја спакува Турција и влезе во историјата на СП со најбизарен црвен картон (ВИДЕО)

Vecer | 20.06.2026

Парагвај ја спакува Турција и влезе во историјата на СП со најбизарен црвен картон (ВИДЕО)

Парагвај ја победи Турција со 1-0 и ја спакува. По поразот од Австралија во првото коло со 2-0, турската репрезентација загуби и од Парагвај (1-0) во дуел каде што Мигел Алмирон доби историски црвен картон поради покривање на устата со рака. Турците беа елиминирани од Светското првенство.

Парагвај поведе по само 64 секунди. Матијаз Галарза Фонда постигна гол од далечина за резултат од 1-0.

Турците имаа дури 32 удари кон голот. Сепак, за повеќе од 180 минути игра, вклучувајќи го и судиското продолжение на два натпревари на Светското првенство, не постигнаа гол и го промашија невозможното, па затоа не е ни чудо што си одат дома.

Турција е елиминирана од Светското првенство со овој пораз. Парагвај ќе се бори со Австралија за втората позиција.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk