Сега веќе и дефинитивно е јасно дека Ливерпул ќе мора подолго време без повредниот Александер Исак. Па така се наведува дека има седум потенцијални напаѓачи како негова замена кои се ставени на листата на „Редси“. Тренерот Арне Слот треба да тргне по еден од нив во јануари. Прв на листата е Ајван Тони, кој постигна 36 гола на 83 настапи во Премиер лигата за Брентфорд, а потоа замина во Ал Ахли во летото 2024 година.
Иако беше поврзуван со Тотенхем, Вест Хем и Евертон, тој им кажа дека не сака да ја изгуби својата неделна плата од околу 430 илјади евра неделно.
Сепак, поканата од Ливерпул во јануарскиот преоден рок е секако нешто што не можеше да го одбие.
Тука е и Гонзало Рамош од ПСЖ, кого Ливерпул го разгледува како играч кој би можел да стане нивен нов напаѓач сега кога Исак е повреден.
Тој започна само девет натпревари во сите натпреварувања за ПСЖ оваа сезона, и јасно е дека би ја прифатил понудата од “Енфилд“. Александар Митровиќ е исто така едно од имињата, а добро ја познава лигата, бидејќи играше за Фулам, од каде замина за 52 милиони во Ал Хилал.
Наводно би можел да дојде на позајмица во Ливерпул и сите страни би биле задоволни од тој договор. На списокот се и Џонатан Давид, Карим Бензема, Дани Велбек и Дивок Ориги.
Јасно е дека Ливерпул бара играч кој би дошол во нивниот клуб за шест месеци, или поточно дека им е потребен додека Исак го нема.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата