Во финалето на Лигата на шампионите ќе ги гледаме ПСЖ и Арсенал, Парижаните успеаја да го победат Баерн Минхен во двомеч со вкупен резултат од 6:5, додека Арсенал беше подобар од Атлетико Мадрид со вкупни 2:1.
Еден од играчите за кој сосема заслужено се зборува е грузискиот интернационалец Квича Кварацкелија.
Момчето од Грузија го израмни рекордот од оваа сезона на Килијан Ембапе, кој има 16 асистенции+голови во сезоната на Лигата на шампионите, тој стигна до 10 гола и 6 асистенции, што е за пофалба, но тоа не е сè.
Кварацкелија стана и првиот фудбалер во историјата на ова натпреварување кој имал гол или асистенција во седум последователни натпревари во нокаут фазата на Лигата на шампионите, што дури ни Роналдо или Меси не успеале.
Финалето помеѓу ПСЖ и Арсенал е закажано за 30 мај, тоа ќе биде прво финале помеѓу двајца шпански тренери, а има уште еден интересен факт, ова ќе биде само четврто финале во историјата на елитното клупско натпреварување во Европа каде што во финалето ќе се сретнат два тима од главните градови на нивните земји. Претходните натпревари беа помеѓу Реал и Бенфика (1961), Реал и Партизан (1966) и Ајакс и Панатинаикос (1971).