logo
logo
logo

Откако се степа со соиграч, Олимпик (М) го праќа Рабио во Милан

Vecer | 27.08.2025

Откако се степа со соиграч, Олимпик (М) го праќа Рабио во Милан

фото: Football Tweet (X)

Во француски Олимпик Марсеј се случи сериозна драма откако играчот од средниот ред Адриен Рабио и напаѓачот Џонатан Роу се степале по натпреварот против Рен во првото коло од француската Лига 1.

Роу веднаш беше продаден во Болоња, а сега се чини дека и Рабио ќе го напушти клубот во наредните денови.

Фабрицио Романо известува дека Милан контактирал со претставниците на Рабио, но не се водени никакви разговори меѓу клубовите. Романо вели дека разговорите на Олимпик Марсеј со Реал Мадрид за играчот од средниот ред Дани Себаљос се во тек. Марсеј ќе го потпише Себаљос на позајмица со обврска за откуп, а веднаш потоа го праќа Рабио во Милано.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk