logo
logo
logo

Осимен нема да му прости на Наполи се закани со тужба

Vecer | 27.09.2023

Осимен нема да му прости на Наполи се закани со тужба

Голмајстерот на Наполи, Виктор Осимен е навреден од клубот и дури планира своите права да ги бара на суд. Причината е смешното видео објавено на профилот на клубот на ТикТок. Во него Осимен бара од судијата на натпреварот против Болоња да досуди пенал за Наполи, а потоа откако го доби, шутира непрецизно од белата точка.

Видеото е придружено со тенок глас и титлови со зборовите на Осимен: Дајте ми пенал, ве молам.

Наполи брзо ја избриша објавата од социјалните мрежи, но нигерискиот интернационалец беше погоден, што го потврди и неговиот агент Роберто Календа.

„Тоа што се случи е неприфатливо. Видеото во кое се исмејува Виктор прво беше објавено, а потоа со задоцнување избришано. Станува збор за сериозен инцидент кој го нарушува имиџот на фудбалерот и го продлабочува трендот на негативни ставови кон него, што вклучува злонамерни објави во медиумите и објавување лажни вести. Го задржуваме правото да преземеме правни дејствија и какви било правни дејствија за заштита на Осимен“, коментира Календа.

Самиот фудбалер се огради од Наполи со тоа што на Инстаграм ги избриша повеќето фотографии со тимот на италијанскиот шампион, но ги остави оние со репрезентацијата на Нигерија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk