logo
logo
logo

Ориги официјално ја заврши кариерата

Vecer | 08.06.2026

Ориги официјално ја заврши кариерата

Некогаш еден од најголемите фудбалски таленти на планетава, и член на репрезентацијата на Белгија Дивок Ориги на само 31. година ја заврши својата кариера.

Некогашниот напаѓач на Ливерпул и стрелец на неколку клучни голови во годините на големите успеси на овој тим преку социјалните мрежи и официјално стави крај на фудбалската кариера.

„Благодарам до сите мои обожаватели ширум светот, кои што ми помогнаа да станам она што сум. Секој легендарен момент, секој гол, секој момент на сјај го споделивме заедно. Благодарност до сите клубови, тренери, соиграчи кои беа со мене сите овие години. Ми беше чест да го носам и дресот на мојата Белгија, и во исто време да не ги заборавам корените на мојата Кенија“ – напиша Ориги.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk