logo
logo
logo

Организаторот навистина претера: Билет за финалето на Мундијалот чини 2.1 милион долари

Vecer | 24.04.2026

Организаторот навистина претера: Билет за финалето на Мундијалот чини 2.1 милион долари

ФОТО: FIFA World Cup/FB

Мундијалот кој што престои следното лето, и на кој што домаќини се САД, Канада и Мексико по многу нешта ќе биде раритетен. Едно од тие секако дека ќе бидат цените на билетите за натпреварите, кои што се очиглендо по американски стандарди и кои што го шокираат остатокот од светот.

Епа ете на

пример, медиумите пренесуваат за неверојатна цена на билет за финалето на Мундијалот кое што патем ќе се одигра на стадонот „МетЛајф“ во Њу Џерси.

Истиот чини неверојатно 2.1 милион долари, а очигледно се работи за „бокс“ пакет билет. Па така, доколку се купат четири вакви билети компет, истите би чинеле фантастични 8.4 милиони долари. Сума која што ги надминува сите нормални и реални размислувања, но ете, во САД очигледно тоа е нормално нешто.

Од друга страна пак, „нормалните“ за овој меч се околу 14.000 долари што е ајде да се каже нешто по реална сума, иако и таа за европски услови е огромна.

Конечно, ФИФА објави дека за мечевите, особено оние во групната фаза ќе пушти во продажба билети кои што имаат нормална цена, а таа е 55 долари, но тие ќе биде со ограничен број.

Од друга страна, ФИФА веќе објави дека се продадени скоро пет милиони билети за најразлични мечеви.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk